ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ И УСЛОВИ НА КОРИСТЕЊЕ НА АПЛИКАЦИЈАТА (Izvorska-Drink Water Reminder)
Дефиниција на термини:
- Лични податоци: Секое информација која директно или индиректно може да доведе до идентификација на одредено физичко лице, како што се име, презиме, телефонски број, е-пошта, и слично.
- Корисник: Физичкото лице кое ја користи апликацијата, а кое мора да се смета за субјект на податоци.
- Сметка: Дигитален профил креиран од корисникот за користење на апликацијата, кој вклучува податоци за најава и други релевантни информации.
- Апликација: Софтвер кој се презема и користи на мобилни уреди, овозможувајќи функционалности како потсетување за пиење на вода.
- Обработка на податоци: Секој процес или група на процеси изведени врз личните податоци, вклучувајќи собирање, снимање, организирање, структурирање, складирање, адаптирање или менување, повлекување, консултирање, употреба, комуникација, дистрибуција или други видови на обезбедување на податоците, споредба или комбинација, ограничување, бришење или уништување на податоците.
- Контролор на податоци: Лицето или организацијата која го определува начинот и целите на обработката на личните податоци. Во случајот на оваа апликација, контролорот на податоците е сопственикот на апликацијата.
- Трета страна: Физичко или правно лице, јавен орган, агенција или тело кое не е корисник или контролор на податоците, но кое може да има пристап до лични податоци за специфични цели.
- Развивач: Лице или организација одговорна за создавање, развој и одржување на апликацијата. Развивачот е вклучен во техничките аспекти на апликацијата, вклучувајќи го кодирањето, дизајнирањето и обезбедувањето дека апликацијата функционира правилно. Развивачот, исто така, може да биде одговорен за ажурирање на апликацијата, поправање на грешки и имплементирање на нови функционалности врз основа на повратните информации од корисниците или технолошките напредоци.
- Сопственик на апликацијата и Контролор на податоци: Сопственикот на апликацијата е одговорен за развојот и одржувањето на апликацијата. Контролор на податоците е лицето или организацијата која го контролира начинот и целите на обработката на личните податоци собрани од апликацијата.
ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ
- Собирање на податоци:
- Апликацијата собира лични податоци од корисниците, како што се име, презиме и мобилен телефон. Овие податоци се неопходни за да се обезбеди основната функционалност на апликацијата.
- Дополнително, апликацијата собира податоци преку Google Analytics, кои вклучуваат:
- Број на корисници и сесии
- Времетраење на сесиите
- Оперативни системи
- Модели на уреди
- Географска локација (само држава)
- Први активирања на апликацијата
- Отворања на апликацијата
- Надградби на апликацијата
- Купувања во апликацијата
- Чување на податоци:
- Податоците кои ги внесува корисникот се чуваат на платформата Firebase, која обезбедува безбедно складирање и заштита на личните податоци. За повеќе информации во однос на условите и политиките за приватност на Firebase видете на следниот линк:
- Серверите на кои се чуваат податоците се лоцирани во Европската Унија, што значи дека податоците се подложни на строгите стандарди за заштита на податоците согласно регулативите на ЕУ, како што е GDPR.
- Личните податоци ќе бидат задржани во базата податоци сѐ додека корисникот ја користи апликацијата, ја има инсталирано на неговиот уред или се додека не побара нивно бришење.
- Употреба на податоци:
- Собраните податоци се користат за:
- Подобрување на корисничкото искуство преку анализа на употребата на апликацијата.
- Обезбедување на поддршка и одржување на апликацијата.
- Аналитички цели со цел разбирање на навиките на корисниците и подобрување на функционалностите.
- Личните податоци нема да бидат споделени со трети страни без претходна согласност на корисникот, освен во случаи предвидени со закон.
- Права на корисниците:
- Корисниците имаат право на пристап до своите лични податоци, право да побараат нивна корекција, ограничување на обработката или бришење на податоците.
- Корисниците имаат право да се информираат за начинот на кој се обработуваат нивните податоци и за целите на обработката.
- Корисниците имаат право да се противат на обработката на нивните податоци и да поднесат жалба до надлежен орган за заштита на податоците во нивната држава.
- Корисниците може да контактираат со Контролорот на податоците за било какви прашања поврзани со обработката на нивните лични податоци со офицерот за лични податоци: Игор Мицев, 072 218 350, pravo@kozuvcanka.com.mk
- Безбедност на податоците:
- Апликацијата презема соодветни технички и организациски мерки за заштита на податоците од неовластен пристап, злоупотреба, губење или уништување.
- Податоците се обработуваат со користење на компјутери и/или ИТ алатки следејќи организациски процедури и начини кои се тесно поврзани со целите наведени во оваа политика.
- Промени во политиката за приватност:
- Развивачите го задржуваат правото да направат промени во оваа политика за приватност во секое време. Корисниците ќе бидат известени за сите значајни промени преку апликацијата или преку е-пошта ако е можно.
- Промените ќе стапат на сила во моментот на нивното објавување во апликацијата.
УСЛОВИ НА КОРИСТЕЊЕ
- Пристап и користење:
- Апликацијата е бесплатна за преземање и користење. Може да се преземе директно од Apple App Store и Google Play Store.
- Корисникот прифаќа дека ќе ја користи апликацијата само за лични, некомерцијални цели.
- Регистрација на сметка:
- За користење на одредени функционалности, корисникот може да биде побаран да креира сметка, при што мора да ги внесе сите потребни податоци точно и целосно.
- Корисникот е одговорен за зачувување на доверливоста на своите податоци за најава и е одговорен за сите активности кои се случуваат под неговата сметка.
- Обврски на корисниците:
- Корисниците се обврзуваат да ги внесуваат точни и актуелни податоци.
- Корисниците се обврзуваат да ја користат апликацијата на начин кој не го прекршува законот и не ги нарушува правата на трети страни.
- Корисниците се обврзуваат да ја заштитат својата сметка од неовластен пристап.
- Ограничување на одговорност:
- Развивачите на апликацијата не преземаат одговорност за било какви штети, загуби или последици кои би можеле да произлезат од користењето на апликацијата, вклучително, но не ограничувајќи се на, технички проблеми, загуба на податоци, или неовластен пристап.
- Прекин на услугата и суспензија на сметки:
- Развивачите го задржуваат правото да го прекинат пристапот на корисниците до апликацијата во секое време, без претходно известување, доколку се утврди прекршување на овие услови за користење или други применливи закони.
- Корисничките сметки може да бидат суспендирани или избришани поради прекршување на овие услови без право на обештетување.
- Промени и надградби:
- Развивачите го задржуваат правото да направат промени во овие Услови на користење и ќе ги известат корисниците за сите значајни промени преку апликацијата.
- Апликацијата може периодично да се ажурира со нови функционалности, поправање на грешки и подобрувања.
- Комуникација и известување:
- Сите комуникации и известувања поврзани со овие услови за користење ќе бидат спроведени преку електронска пошта или преку апликацијата.
- Применливо право и надлежност:
- Овие Услови на користење се регулирани и толкувани согласно законите на Република Северна Македонија.
- Во случај на правен спор, истиот ќе биде решаван пред Основен граѓански суд Скопје.